Почетна Убавина и здравје Марта го изневерила сопругот за да си го спаси бракот: Шокантна исповед на угледна банкарка

Марта го изневерила сопругот за да си го спаси бракот: Шокантна исповед на угледна банкарка

од nenad
3 минути читај за

Марта имала се‘ што може да посака една жена. Реализиран сопруг, убава куќа, три деца, добра работа во банка. Нејзиниот маж бил лекар специјалист кој поминувал се’ повеќе време на работа.

„Добивме близнаци, наместо долгоочекуваната ќерка, ни се родија две момчиња. Постариот син тогаш имаше седум години, малите по пет. Беше тоа живот без момент на одмор, не знам дали и онака може да се нарече живот“, ја почнува својата исповед оваа 35-годишна жена.

Откако се родиле децата, немале време ни енергија за романтични вечери, но тврди дека немале лош брак.

„Беше таква фаза во нашиот живот што на сите им беше преку глава од се‘“, вели Марта.

Банката во која работела организирала тридневна обука, па таа со нетрпение го очекувала ова службено патување. Била спремна да слуша здодевни предавања, макар и на неколку дена за да се извлече од се‘ што ѝ било заморно во домот. Свекрвата останала да се грижи за децата, па таа брзо ја спакувала малата патна торба и влегла во автомобилот.

„Мојата свекрва беше златна жена, навистина ни помагаше колку што може. Моите родители живееја далеку, па можев да сметам само на неа“, се присетува Марта.

Откако пристигнала на конференцијата, отишла да се пријави во хотелот. Заминала во својата соба, ги распакувала работите и отишла на плажата покрај езерото. За прв пат по седум години, не ги барала децата и одлучила да ужива во мирот.

„Можев да легнам и да не правам ништо, само да уживам во моментот“, вели таа.

На една од организираните забави по предавањето, Марта запознала атрактивен маж кој ја замолил да танцуваат заедно.

„Нозете почнаа да ми се тресат, не можам да ви го опишам чувството. Угледна мажена жена, мајка на три деца, одговорен банкарски работник на одговорна позиција. И тогаш како ништо друго да не постоеше. Само јас и тој и песната на која играме“, се присетува.

Следните денови ги поминале без да се разделат, а таа едвај чекала да завршат предавањата за да поита во неговата соба. Иако понекогаш чувствувала грижа на совест дека го изневерува сопругот, страста била посилна од разумот.

„И двајцата знаевме дека ова е моментот, дека потоа нема да има телефонски јавувања или средби, дека секој ќе си замине по својот пат. Дека ова никогаш повеќе нема да се повтори“, вели Марта.

Кога се вратила дома, децата ја пречекале на врата, а нејзиниот сопруг дури и подготвил вечера. Завршиле брзо, бидејќи тој сакал да прочита некои од најновите студии за лапароскопска хирургија. Марта многу добро се сеќава на овој детаљ.

„Ништо не се смени, им се вратив на обврските. Но, се вратив поинаква, повторно верував во мојата женственост, во мојата привлечност. Иако животот не ми се промени, наеднаш ми стана полесен“, завршува таа.

Никогаш повеќе не го изневерила сопругот, но и никогаш не се покајала. Тврди дека се‘ уште има добар брак. Тој е познат доктор, таа е директорка на една од банките. Децата се пораснати, патуваат низ светот. Но, тие три дена во хотелот ѝ се едни од најубавите спомени.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING