Почетна Убавина и здравје Марија Шерифовиќ ја покажа омилената играчка на синот, а потоа направи нешто по многу време (ФОТО)

Марија Шерифовиќ ја покажа омилената играчка на синот, а потоа направи нешто по многу време (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

По концертот следела вечера зад сцената…

Марија Шерифовиќ објави нов блог за концертот кој го имала минатиот викенд во Славонски Брод во Хрватска, а пред да се упати кон дестинацијата ги покажала играчките на својот син Марио кои малиот едноставно ги обожава.

„Патем, тоа се неговите играчки. Од сите играчки, мажот сака да си игра со ова шише во кое ставаме грав“, открила Марија и го покажала реквизитот кој го привлекува вниманието на нејзиниот шестмесечен син.

Пејачката открила дека овој пат направила нешто што одамна не го практикувала.

„Денеска за прв пат по не знам колку време поради некои организациски работи одам на денот на концертот, возам сама, бидејќи сите останати веќе пристигнаа, па се надевам дека се ќе биди во ред“, признала Марија.


Поврзани објави

Пред да замине, пејачката го бакнала својот наследник, а потоа се упатила кон автомобилот и на патот до саканата дестинација.

По концертот следела вечера зад сцената, но Марија се пофалила дека сепак ќе ја прескокне.

„Концертот беше одличен, како што гледате масата е поставена. Сите јадат. Не јадам, затоа што сум што? На диета“, нагласила пејачката.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING