Почетна Убавина и здравје МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ МНОГУ ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ВО ВТОРНИК И ВО СРЕДА (11 И 12.6.2024): Температури до 41 степен

МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ МНОГУ ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ВО ВТОРНИК И ВО СРЕДА (11 И 12.6.2024): Температури до 41 степен

од nenad
1 минути читај за

Метео прогноза на Славло Попоски:

Својот максимум овој многу топол бран кој продира од северните предели на Африка во Македонија ќе го достигне во вторник и во среда (11 и 12.6.2024). Тогаш максималните дневни температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат и до 40-41 степен.

Ув индексот овие два дена ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова ги советуваме граѓаните да пијат повеќе течности, и секако, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.

Во Скопје максималната температура на воздухот за време на максимумот на овој топол бран ќе се искачи до околу 37 степени.

Да напоменеме дека следната седмица и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели ноќите ќе бидат тропски, односно тоа значи дека температурите во ноќните и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Мало освежување на времето не очекува дури во четврток (13.6.2024)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING