Тие напади, зголемената соработка со Северна Кореја и неодговорната реторика што ги придружува се дел од неприфатливата руска логика на ескалација, земја која продолжува да оди по ревизионистички, брутален и империјалистички пат со кршење на суверените права на Украина и Повелбата на ОН, рече Макрон.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја оцени како „неприфатлива логиката на ескалација“ на Русија во конфликтот во Украина и додаде дека неговата земја ќе продолжи да му помага на Киев „интензивно и долго“ колку што е потребно без оглед на руските закани, соопшти Елисејската палата. За време на телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, Макрон рече дека остро ги осудува „нападите на Русија кои продолжуваат да се интензивираат врз градовите, цивилите и енергетската инфраструктура на Украина“.
– Тие напади, зголемената соработка со Северна Кореја и неодговорната реторика што ги придружува се дел од неприфатливата руска логика на ескалација, земја која продолжува да оди по ревизионистички, брутален и империјалистички пат со кршење на суверените права на Украина и Повелбата на ОН – рече Макрон.
Францускиот претседател нагласи дека таквата руска логика „нема да ја надмине решеноста да продолжи да и помага на Украина интензивно и колку што е потребно, за да може да го искористи правото на самоодбрана и да победи во руската агресивна војна“. По првиот напад на Украина на 22 ноември со хиперсонична балистичка ракета Орешник, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ги повтори таквите напади, особено на Киев.
Путин рече дека не ја исклучува можноста за напад на воените локации на западните земји кои го вооружуваат Киев, како одговор на бомбардирањата што Киев ги изврши во Русија со помош на американските ракети ATACMS и британските ракети „Сторм Шедоу“. Украинските власти соопштија дека Путин не ги исполнил своите закани, но ги засилува нападите со ракети и дронови врз енергетската инфраструктура на Украина и оти користи касетна муниција.