Почетна Свет Македонците во Бугарија соочени со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание

Македонците во Бугарија соочени со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание

од nenad
1 минути читај за

Македонците во Бугарија се соочуваат со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание. Македонскиот клуб за етничка толеранција известува дека, како и во минатите години, поднеле известување до Општина Кресна за полагање цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски, но добиле одговор дека на 20 октомври, датумот на настанот, општината има планирано други активности.

Кресненското востание, кое започнало на 17 октомври 1878 година во Пиринска Македонија, е важен момент во историјата на македонскиот народ.

Инаку, минатиот месец, Комитетот на министри на Советот на Европа побара од Бугарија до 16 декември да даде извештај за чекорите што ќе ги преземе во врска со 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Во Благоевград, македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ лани беше отворен, но потоа беше приморан да стави клуч на врата.


Post Views:
48

Извор : vesnik-ilinden.com

Македонците во Бугарија соочени со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING