Почетна Македонија МАКЕДОНСКО-ШПАНСКИ КОНЦЕРТ НА ДИНО ИМЕРИ И ДИЈАНА ИМЕРИ-ИЛКОСКА НА 4 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

МАКЕДОНСКО-ШПАНСКИ КОНЦЕРТ НА ДИНО ИМЕРИ И ДИЈАНА ИМЕРИ-ИЛКОСКА НА 4 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

од nenad
2 минути читај за




По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни во Камерната сала на Филхармонијата од 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери-Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура.

Заедно со македонските уметници, на концертот ќе настапи и „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар-Николовски („Macedance“), Дијана Имери-Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар).

Познатата „Шпанска рапсодија“ од Албенис, ќе ја доживее светската премиера на целосно нов аранжман на Дијана Имери-Илкоска, додека делото „Маседанс“ на Вања Ѓумар-Николовски, кое е посветено на Дино Имери, ќе ја има скопската премиера. Исто така, со делото на Томислав Зографски, ќе се одбележат 90 години од раѓањето на овој влијателен македонски  композитор. Како гостин на концертот ќе се настапи македонскиот виолинист Бојан Илкоски, во изведба на делото „Корени“.Организатор на концертот е Амбасада на Шпанија во Скопје.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING