Почетна Технологија Македонскиот амбасадор во Тирана на консултации кај министерот Муцунски

Македонскиот амбасадор во Тирана на консултации кај министерот Муцунски

од nenad
2 минути читај за

Македонскиот министер Тимчо Муцунски  реагираше да се промени формулацијата „северномакедонци“ во Македонци што и беше направено од страна на албанскиот Институт за статистика.

Албанските власти во 2017 година признаа „бугарско малцинство“ во Албанија со цел Бугарија да не го кочи европскиот пат на земјата, додека официјална Софија тврдеше дека во претходните пописи во Албанија бугарското население што живее во земјата било спречено да се смета како такво.Македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација реагираа на пописните резултати дека не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.

Во периодот пред пописот меѓу македонското малцинство во Голо Брдо и Тирана се прошета бугарската потпретседателка Илијана Јотова, тврдејќи дека Македонците се обидуваат да ги асимилираат Бугарите во овие делови. Слична беше и посетата на Радев на Косово каде зборуваше за постоење на бугарско малцинство во областа Гора каде традиционално живее македонско малцинство со исламска вероисповед.

Македонското малцинство во Албанија често добива помош и донации од бугарски здруженија што придонесува за нивното колебање при пописот, а според зборовите на македонските здруженија во Албанија поради континуираната негрижа на албанските власти за подобрување на животот во селата во Мала Преспа, Голо Брдо и Острени.

Министерството најави дека во претстојниот период интензивно ќе соработува со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на македонската заедница во Република Албанија во насока на нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество, но со жалење констатира дека „повеќе од очигледно било целосно запоставено од страна на претходната политичка гарнитура во нашата држава“.„Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок“, смета МНР.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING