Почетна Технологија Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија, дрогата на пазарот вреди 200 000 евра

Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија, дрогата на пазарот вреди 200 000 евра

од nenad
1 минути читај за




Амфетамин/ Фото: Бугарско обвинителство/принтскрин
Македонски државјанин е приведен поради сомнение дека шверцувал поголема количина дрога преку граничниот премин Гуешево со соседна Бугарија.
„На 3 јуни, околу 19 часот и 45 минути, на излезната рута, службеници од Одделението за борба против трговија со дрога при Агенцијата „Царина“ пренасочиле автомобил со странски регистарски таблички за детален царински преглед. Во моторниот простор на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња со бела кристална материја. На теренски тест, содржината реагирала на амфетамин. Неговата вкупна тежина е 21 килограм“, додаваат од бугарското Обвинителство.За случајот е поведена предистражна постапка, а со указ на обвинител од Окружното обвинителство – Ќустендил македонскиот државјанин е приведен како обвинет и му е одреден притвор од 72 часа.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING