Почетна Убавина и здравје Лицето ѝ е како пластична маска! – Убавина и здравје

Лицето ѝ е како пластична маска! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Кејт Бекинсејл на 50 години сака да изгледа како да има 20

Убавината, силата и одлучноста беа карактеристиките што ги отсликуваа вистинските жени некогаш, а денес тоа се слабото тело, белите заби и лицето без брчки. Прекуноќ се појавија жени опседнати со детоксикација и естетски корекции, сѐ со цел да изгледаат посвежо и помладо.

На доделувањето на наградите на магазинот Variety во Лос Анџелес најголемо внимание привлекла Кејт Бекинсејл.

Таа се појавила во бебешкорозов фустан, кој ѝ ги откривал преслабите нозе. Од облините ги покажала само вештачките гради, кои ѝ ѕиркале од корсетот.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи најмногу го критикувале нејзиното лице кое изгледа како восочна кукла.

„Толку е опседната со изгледот што комплетно изгубила компас“, се некои од коментарите.


Поврзани објави

Инаку, Кејт ја бие глас дека доживува страшна средовечна криза, па оди толку далеку што излегува со врсници на своите ќерки и се посрамотува низ Холивуд, сѐ со цел никогаш да не остари.

Бекинсејл била со во вонбрачна заедница со Мајкл Шин од 1995 до 2003 година, по што одлучиле дека најдобро би било да се разделат, но останале најдобри пријатели.

Причината за разделбата бил режисерот Лен Визмен, со кого Кејт почнала интензивно да се гледа и кому потоа му го кажала судбоносното „да“. Како и во случајот со Мајкл Шин, осум години подоцна Кејт одлучила да се разведе.

Иако ги прекинале брачните односи, Кејт и понатаму се дружи и излегува во клубови со поранешниот сопруг и татко на нејзиното дете.

ФОТО: Инстаграм

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING