Министерството за економија денеска требаше да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени кои утре требаше да се најдат на седница на Влада, но премиерот Мицкоски најави пролонгирање на роковите поради дијалогот со производителите и трговците. Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,, а предлогот треба да биде усвоен на редовната седница на Владата.
Но, премиерот Христијан Мицкоски откри дека денес ќе се отвори дијалог на кој ќе се утврди видот на мерката, односно дали ќе се оди со ограничени трговски маржи или со замрзнати цени како што беше најавено. – Утрово имав разговор со министерот за економија и труд да ги покани и производителите и трговците за да разговараме кој е најдобриот начин за мерки. Не мора да значи дека утре ќе биде предлогот за цени, може една недела подоцна додека се усогласат ставовите.
Да, ја јас стојам зад тоа, но кога гледате дека поединци делуваат како монопол и дуопол, тогаш мора да интервенираме офанзивно. Онаму каде што пазарната економија ги диктира цените, нема да интервенираме. Јас сум за економијата да ги диктира цените, но има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција – истакна Мицкоски.