Почетна Убавина и здравје Лековитата страна на печурките | Lady

Лековитата страна на печурките | Lady

од nenad
2 минути читај за

Печурките се разликуваат од останатите прехрамбени продукти по тоа што содржат мала количина на сол и шеќер, но повеќе витамини, минерали и антиоксиданси кои штитат од болести. Исто така, тие не содржат холестерол и масти и се нискокалорични.

Витамини и минерали

Печурките содржат многу витамини и минерали кои неопходни за организмот како витамин А, витамин Б (1-Тијамин, 2-Рибофлавин, 3-Нијацин, 5-Пантенолска киселина, 9-Фолна киселина), витамин Х (Биотин), железо, калиум, калциум, магнезиум, натриум, цинк, ерготионин и селен.

Антиоксиданси

Селенот и ерготионинот се антиоксиданси кои во голема мера се застапени кај печурките. Антиоксидансите знаеме дека ги врзуваат слободните радикали и помагаат при борбата со хронични болести. Но она што е интересно е дека во белите печурки има 12 пати повеќе ерготионин отколку во пченичните никулци и 4 пати повеќе отколку во пилешкиот џигер, продукти кои предходно беа највисоко рангирани како содржатели на овој антиоксидант.

Растителни влакна и протеини

Печурките се богат извор на растителни влакна кои ни се неопходни за правината работа на цревниот систем. Така што, 100г печурки содржат повеќе диетални влакна (2.5г) од 100г целер (1.8г) или од кришка интегрален леб (2.0г).

За вегетаријанците и веганите, печурките претставуваат важна замена за месните производи поради протеините кои тие ги содржат. Но за да внесете комплетен протеин, наместо месо треба да се изедете околу 200г печурки (близу 7г протеин) заедно со брокули и пченка.

Превенција и лекување

Печурките поради својот лековит состав поволно делуваат кај следниве болести и тегоби: алцхајмерова болест, алергии, анемија, астма, депресија, дијабетес, за подобра концентрација и помнење, импотенција, јакнење на нервниот систем, лекување при некои видови рак, одржување на здрави крвни садови, остеопороза, превенција кај органите за варење, проблеми со штитната жлезда, проблеми со “лошиот” холестерол и крвниот притисок, проблеми со косата и кожата, со нервите, со коските и забите. Имаат позитивно влијание и врз стресот.

Тие содржат и полисахариди кои влијаат на одбрамбеноста на организмот, препознавањето на малигните клетки, нивно уништување и повторното враќање на организмот во рамнотежа. Бидејќи без нормалното функционирање на имунолошкиот систем, нашето тело е изложено на ризик од секакви инфекции и болести.

Печурки за слабеење

Печурките се препорачливи за сите кои сакаат да ја одржат телесната тежина или се борат со непотребните килограми, затоа што (зависно од сортата овие бројки малку варираат) 100 грама печурки во просек содржат 18-26 калории. Тие содржат два до три пати помалку калории од зеленчукот и овошјето што секојдневно го користиме во исхраната.

 

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING