Бора Ѓорѓевиќ моментално е на кислород…
Здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ е влошена и моментално се наоѓа во болница во Љубљана. Рокерот има проблеми со белите дробови, а како што пренесуваат медиумите состојбата му се влошила.
Состојбата му се влоши… Има хронична опструктивна белодробна болест, лекарите прават се што е во нивна моќ. Семејството е информирано за се“ – изјави Обрадовиќ и додаде дека наскоро ќе има повеќе детали.
Да потсетиме, фронтменот на „Рибље чорбе“ пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.
Бора е во болница, се ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме само информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, за се е информирано семејството“ – изјави тогаш Бане Обрадовиќ, менаџер на групата.
Поврзани објави
Имено, на официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ објавено е соопштение за неговата здравствена состојба:
Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора се опорави ќе се видиме на нови собири.“
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: