Почетна Економија Левица: Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Левица: Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

од nenad
2 минути читај за




На заедничката средба помеѓу претседателите на Македонија и Бугарија, македонското знаме беше отсутно. Овој чин е далеку од само дипломатски инцидент, туку симболичен показател на односот на владеачките елити кон бугарските врховистички барања и доказ дека Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет – без знаме и без гордост, велат од Левица.

„Живееме во историски времиња. За прв пат претседател на Македонија оди на официјална средба со странски државник без да е истакнато македонското знаме. Протоколот во вакви ситуации јасно наложува почитување на симболите на двете држави. Недостатокот на македонско знаме на официјален настан е срамно потклекнување пред Бугарија и уште една епизода од историјата на национално понижување кое почна со „Договорот за добрососедство“.

Ваквите провокации не можат да се толкуваат како „добрoсоседски односи“ кога нивната цел е јасна – поткопување на македонската независност и продолжување на антимакедонскиот наратив ,,две држави-еден народ”. Радев не се обидува да гради вистински односи, туку пропагира бугарски национал-шовинизам, со поддршка од македонските политичари подготвени на компромиси на штета на сопствениот народ и потклекнати пред бугарските ултиматуми“, стои во соопштението на Левица.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING