Почетна Македонија ЛДП ГАЗИ БАБА: БОБИ СТЕФКОВСКИ НЕ ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО ДЕКА ЌЕ ГО СРЕДИ ВАРДАРИШТЕ И НЕМА ДА СЕ ТРУЈАТ ЖИТЕЛИТЕ НА ГАЗИ БАБА

ЛДП ГАЗИ БАБА: БОБИ СТЕФКОВСКИ НЕ ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО ДЕКА ЌЕ ГО СРЕДИ ВАРДАРИШТЕ И НЕМА ДА СЕ ТРУЈАТ ЖИТЕЛИТЕ НА ГАЗИ БАБА

од nenad
2 минути читај за




Уште едно од стотиците ветувања на градоначалникот во заминување Бобан Стефковски осамна само на лист хартија на неговата безвредна програма. Вардариште. Канцерот на цела Гази Баба не само што не е доведено во контрола туку и се интензивираше овие денови, а справувањето со овој проблем за општинската администрација и Бобан веќе не е енигма, туку неспособност. Како човек кој постапувал по ова прашање и проблематика директно на терен во минатото, можам да посочам дека пропустот намерен или ненамерен е во општината и инспекторатот.

   

Кому оди ова во прилог ? Одговорноста за овој пандемониум граѓаните ќе ја казнат на следните локални избори исклучиво од една и единствена причина – здравјето на сите нас. Овде не станува збор за тендери, ситни политички поени, популизам, ова е тема со која ниту еден нема право да калкулира туку напротив да постапува. Кога се работи за здравјето на луѓето нема простор за компромис. Загадувањето, масовната бетонизација и хаос кој го предизвика Бобан во својот несреќен мандат се непроценливи штети кои ветувам дека следната локална власт сериозно ќе се позанимава, побара бескомпромисна одговорност и понуди трајно решение. Бидејки кога се работи за нашата општина, нема простор за калкулации, Гази Баба заслужува! Влатко Неделковски – ЛДП



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING