Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека неговата државанема да испрати војници во Украина, откако одрфедени медиуми сугерираа дека Британија и Франција ја разгледуваат таа опција, пренесе ДПА.
Тензиите меѓу Русија и Западот значително ескалираа во последните денови, откако американскиот претседател Џо Бајден ја овласти Украина да користи ракети со гомел дострел доставени од САД за да нападне цели во Русија.
„Монд“ вчера објави дека Франција и Велика Британија „не ја исклучуваат“ можноста за испраќање војници и приватни одбранбени компании во Украина, повикувајќи се на неименувани извори.
Дебатата за испраќање војници во Украина беше повторно разгорена по посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Францијана 11 ноември, пишуваат француските весници.
Но, британскиот министер за надворешни работи рече дека ставот на Лондон е да не испраќа војници во Украина и – не е променет.
„Јасно е дека сме подготвени и дека продолжуваме да ги поддржуваме Украинците, особено со тренинзи, но постои долгогодишен став дека не испраќаме британски војници на местото на настанот“, изјави Лами за весниците Ла Република, Ле Монд и Велт на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Тоа е секако ставот на Обединетото Кралство и останува став на Обединетото Кралство во овој момент“, рече тој.
Официјалниот портпарол на Стармер рече дека „нема планови“ за испраќање војници во Украина. зш/фото ЕПА .
Извор: МИА