Почетна Економија Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

од nenad
1 минути читај за

– Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на  Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија“.

– Од патот Призрен-Тетова, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи, порача Курти. иа/лв/ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING