Почетна Технологија Куртинаитис: Не ја познавам многу Македонија, но дознавме како игра

Куртинаитис: Не ја познавам многу Македонија, но дознавме како игра

од nenad
1 минути читај за




Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Скопје во СРЦ „Кале“ ќе игра натпревар против Литванија во рамките од третото коло во квалификациите за Европското првенство. Натпреварот против Македонија ќе биде и деби за селекторот на Литванија, Рисмас Куртинаитис кој го наследи Казис Максвитс.

„Знам само дека Ти Џеј Шортс нема да игра. Не ги познавам многу, но од анализите дознавме на каков начин играат и отприлика кој на што е способен. Исто така, од натпреварот со Полска знам дека се добри шутери, но за тој меч, повеќе би рекол дека Полјаците одиграа лошо затоа што веќе имаат обезбеден пласман на Европското првенство како ко-домаќини.

На ова ниво, не е важно како се вика нашиот противник, мораме сите добро да ги анализираме и да одиграме со максимален капацитет“ – смета Куртинаитис. Проблеми со составот има и Литванија бидејќи не може да смета на дел од кошаркарите на Жалгирис и останатите евролигаши, а отсуствуваат и НБА ѕвездите.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING