Турските воени и разузнавачки сили изведоа напади на повеќе од 40 цели на северот од Сирија и Ирак.
Овие напади се одмазда за терористичкиот напад на Курдската работничка партија (PKK), при што турските сили извршија воздушни удари против инфраструктурата на PKK и Сириските демократски сили во Сирија.
Според курдските медиуми, во нападите загинаа осум, а повеќе од 15 цивили се ранети.
Според пишувањата на локалните медиуми, курдските сили во Сирија и Ирак не се очекува да останат пасивни пред новата ескалација на односите со Турција, па веројатни се нови судири на пограничните области.
ссм/фото: архива .
Извор: МИА