Двојката крстосувала по Сен Тропе на луксузна јахта, додека се сончале и капеле. Сите шпекулираат дека се на меден месец
Георгина Родригез (30) и Кристијано Роналдо (39) биле видени на луксузна јахта во Сен Тропе. Многумина претпоставуваат дека станува збор за меден месец, бидејќи децата не биле со нив.
Георгина носела бел костим за капење, кој совршено ги исцртувал сите нејзини облини, додека носела и очила за сонце и накит на себе.
Роналдо бил опуштен и среќен, во еден момент дури и ја зграпчил Георгина за задникот, а папараците го уловиле тоа на камера.
Поврзани објави
Шпекулациите дека тие двајца се венчале започнаа во моментот кога Кристијано Роналдо ја нарече Георгина „жено“, на својот јутјуб-канал.
Тогаш, беа видени и како носат бурми, но сè уште немаат изјавено дали се венчале, ниту одговориле на шпекулациите дека имале тајна церемонија.
Погледнете ги фотографиите од нивниот одмор на јахта ТУКА.