Почетна Убавина и здравје Креаторка на својот живот – Убавина и здравје

Креаторка на својот живот – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



„Профемина“ е регионална конференција во организација на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“. Осмислена е како осврт на положбата на жените, како во деловниот свет, така и во секојдневното опкружување. Секоја година се обработуваат нови теми и учествуваат панелисти од сите животни сфери.

Осмата регионална конференцијата за жени Профемина ќе се одржи на 22 ноември (петок) во хотелот „Холидеј ИН“ во Скопје, со почеток во 10 часот. Регистрацијата на гостите ќе се одвива во 9.30 часот.

Годинава, Профемина се одржува под слоганот: Креаторка на својот живот. Комплетната програма можете да ја погледнете ТУКА.

За време на конференцијата, ќе имате можност да пробате нови производи, препарати за нега на лице и тело, како и шминка, а за време на паузите ве чека освежување. Секако, ние како добри домаќини ќе ве испратиме дома со подароците што ви ги подготвивме.

Затоа, драги наши читатели, ве покануваме да се дружиме во добра атмосфера со уредниците на списанието „Убавина и здравје“, како и со многу учесници од областа на медицината, дерматологијата, образованието, партнерските односи и бизнисот.


Поврзани објави

Пријавете се на [email protected] или во порака на Инстаграм @ubavinaizdravje.mk (име и презиме ваше и на вашата придружничка) со хаштаг #profemina2024 .

Потребно е само да го пријавите своето присуство поради ограничениот број на местата во салата.

Дотогаш, да ве потсетиме како изгледаше минатогодишната Профемина.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING