За историјата на манастирската црква се дознава од хрисовуљата на српскиот цар Милутин од 1300 година, во која е забележано дека нејзината градба ја започнал царот Душан, подигајќи ја врз темели на постара црква, посветена на света Богородица Црногорска. Фактот дека овој цар започнал со градење на црквата се споменува и во биографијата на цар Урош, каде е наведено дека по смртта на Душан, неговата жена Јелена и синот Урош ја доградиле и живописале црквата. Според некои записи стои дека во Втората светска војна во олтарот на црквата имало капеличка која потекнувала од 12 век. Црквата е реставрирана во повеќе наврати во 1934, 1953 и 1960 година по еден подолг временски период кога била под урнатини. – фб статус на Саша Богдановиќ.