Пејачката Дара Бубамара повторно е заљубена! Извор близок до пејачката вели дека Дара е вљубена во атрактивен маж кој ѝ се додворувал со месеци.
– Станува збор за момче кое ѝ се додворувало неколку месеци пред да ја запознае и направи сѐ што може за да го привлече нејзиното внимание. Тој е млад, помлад од неа, привлечен, висок и ќелав, па таа набрзо му даде шанса подобро да ја запознае. Иако очекувавме тоа да го скријат од јавноста, тие неодамна се појавија заедно и разменуваа нежности пред сите – открива изворот и додава дека пејачката е заљубена.
Дека пејачката е слаба кон спортистите докажува и фактот што нејзиниот нов партнер е активен во спортот.
– Коментиравме дека одамна не била толку заљубена, но и дека биле многу подобар пар отколку со Тони. Со часови се бакнувале, галеле и се шегувале, а таа не престанувала да се смее – рекол изворот и додал дека на Дара ѝ е особено привлечно што нејзиниот нов емотивен партнер е спортист.
Изворот истакнува дека покрај тоа што партнерот на Дара е успешен во приватниот бизнис, тој е и спортист и се занимава со бокс.
– Тоа особено ѝ се допаѓа. Неговиот спортски дух, одлучност и изглед – додаде изворот.
Иако пејачката и претходно имала помлади партнери, изворот открива дека разликата во годините помеѓу Дара и нејзиниот партнер не се забележува, што претходно не беше случај.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/darabubamara_official/?hl=en