.
За кого постоиме и работиме ако не за граѓаните, градот, населените места и општината во целост. Интересот на градоначалникот и советниците е еквивалентен со интересите, барањата и потребите на граѓаните од градот и населените места. Ете затоа Општина Струмица се повеќе граби кон врвот и претставува пример за другите општини во државата.
Тоа го докажавме и на денешната 41 Седница на Советот на општина Струмица која и овојпат беше во функција на континуираниот растеж на нашата општина. На седницата беа донесени и усвоени неколку важни одлуки и програми кои се од суштинско значење за Буџетот на Општина Струмица, како и во делот на уредувањето на градежното земјиште, јавното осветлување, културата , образованието, заштитата на животната средина и др.
Општината и нејзините граѓани се во прв план, а секој обид за ползување политички интереси е надвор од нашиот фокус. Така беше досега, така ќе остане и во иднина.