Почетна Економија Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет

од nenad
2 минути читај за

„Денес кога го одбележуваме празникот на нашиот македонски јазик горди сме на сите досегашни заложби и успеси кои ги постигнавме за заштита, унапредување и промоција на македонскиот јазик, културните вредности и културното наследство”, вели министерката за култура.

   

Честитајќи го денот кога во 1945 година е донесена одлука македонскиот јазик да е официјално писмо во државата, Костадиновска-Стојчевска порача: „Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет. Денес е рамноправен и признат во Обединетите нации, потврден и признат во Европската Унија. Како постојани негови заштитници потврдуваме дека за македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде”.

За министерката за култура, овој ден е повод и поттик да истраеме уште посилно во афирмирање и зачувување на посебноста и вредностите на нашиот јазик и идентитет и да продолжиме со дела да ги покажуваме партиотизмот и љубовта кон културниот идентитет на нашиот народ.Костадиновска-Стојчевска потенцира дека вистинска грижа за нашиот јазикот е покажама со донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој како што вели таа претставува заштитнички бедем за идните генерации.,,По 26 години, изработивме нов Закон за употреба на македонскиот јазик соодветен на новото време.

Ги проширивме областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо”, стои во објавата на официјална Фејсбук страна на министерката за култура.Таа уверува дека грижата за македонскиот јазик е и ќе остане приоритет и во следниот мандат и ќе се продолжи со поддршка на стручни изданија поврзани со македонскиот јазик како и бројни книжевни изданија на македонските автори и странска литература преведена на македонски јазик.

Измените кои ги носи новиот закон отвораат нови работни места за македонистите, односно задолжителното вработување лектор со лиценца во институциите, Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик за поголема контрола на примената на законот и правилна употреба на македонскиот јазик, како и негово изучување во странство, отворање лекторати и стипендирање на младите кои го изучуваат македонскиот јазик

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING