Почетна Технологија Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

од nenad
1 минути читај за

Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска од митингот во Битола испрати порака за обединување на граѓаните и прогресивните сили на 8 мај. „Ве повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.

Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ! Да ги продолжиме делата на нашите претци со кои делиме исти вредности“ – порача Костадиновска – Стојчевска пред жителите на Битола.

Според неа, вистинските антифашисти се борат за слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот. Потсети на големите резултати на СДСМ, со кои партијата со право се нарекува државотворна и граѓанска.

„Вистинска социјалдемократија значи кога се носат одлуки кои не се лесни за поединецот, ама се потребни за државата. И кога ќе кажеме дека СДСМ е државотворна партија, дека секогаш државата ни е пред се, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвараме нови работни места. Да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома“- рече Костадиновска – Стојчевска на митигнот во Битола.

 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING