Почетна Балкан Косовскиот новинар Берат Бужала со нова анализа за изборите во Македонија

Косовскиот новинар Берат Бужала со нова анализа за изборите во Македонија

од nenad
3 минути читај за
Косовскиот новинар Берат Бужала со нова анализа за изборите во Македонија

Познатиот косовски новинар Берат Бужала, прави осврт на актуелните политички состојби во Македонија, со посебна анализа за случувањата околу изборите.

Еве, малку поопширно за Македонија и тамошните избори. Вчера напишав многу краток статус за изборите во Македонија, и на мое изненадување, одлично беше интерпретирана неговата содржина како кај Македонците, така и кај Албанците. Во тој статус реков, горе-долу, дека меѓународната заедница, а под меѓународна заедница мислам главно на Америка и Германија, не се гледа дека има ништо против идната влада во Македонија да ги има ВМРО со ВРЕДИ како субјекти кои ќе водат. Не реков дека тоа е моја желба. Реков дека ова е реална можност. Прво, ВМРО има толку гласови и е толку многу пред втората партија, што неминовно водењето на владата од нејзина страна, освен ако овој субјект не излезе и каже дека се со Русија, нешто што не го кажуваат, пишува тој.

Бужала потенцира дека за меѓународната заедница ВМРО е реална опција.

-Второ, и ВРЕДИ и ДУИ трчаат да влезат во кревет со ВМРО, значи не велат дека ќе се обединат, дека ќе ја поканат втората по големина македонска партија за да формираат влада без ВМРО. Не. Двата албански субјекти повеќе се мразеа меѓусебно, отколку ВМРО. Единствената разлика е што ВРЕДИ сака да влезе во кревет со ВМРО преку флерт, откако испиле едно шише вино, додека ДУИ преку „закани со оружје“… Погодете кого ќе избере ВМРО? Овој преседан дека треба најголемата македонска партија со најголемата албанска партија беше изневерен пред неколку години, кога најголемата македонска партија беше оставена во опозиција. Или? Дали се сеќавате? Секако дека е важен и конечниот резултат од изборите, но јас ја правам анализата врз основа на резултатите од претседателските избори, пишува тој.

Косовскиот новинар потенцира дека своја тежина има и бројот на пратеници Албанци кои ќе влезат во Собранието, од двата албански блока.

-Ако разликата е многу голема, секако тешко е да се игнорира најголемиот албански блок, но ако разликата е два-тројца пратеници, тогаш никој нема да праша која албанска партија симболично е прва. ДУИ е структурирана и моќна партија, добро распространета низ целата република, така што не мислам дека нејзиното преминување во опозиција е голем проблем. Згора на тоа, нека го пробаат и Албанците од Македонија „нивното Самоопределување“, кое е исто толку хетерогено како и самата Македонија. Понатаму, оваа закана дека „Македонија ќе биде уништена“ или „Македонија ќе се подели“ доколку овој или оној субјект не биде вклучен во владата, ми изгледа и наивна и смешна. Се знае кој ја дели и кој ја држи заедно оваа држава, пишува Бужала.

Извор : Kurir.mk

Косовскиот новинар Берат Бужала со нова анализа за изборите во Македонија

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING