Почетна Технологија КОРУПЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ЦВЕТА ВО ЗАТВОРИТЕ Еве кои се бистрите и матните случаи на барометарот за мај 2024

КОРУПЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ЦВЕТА ВО ЗАТВОРИТЕ Еве кои се бистрите и матните случаи на барометарот за мај 2024

од nenad
4 минути читај за

Како што истакнуваат од Транспаренси Интернешнл следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина. Корупцијата и матните работи во затворите е еден од главните проблеми кои се најдоа во најновата активност на Транспаренси Интернешнл-Македонија за месец мај која е наречена „Бистро-Матно“.

   

„Лошиот третман кон затворениците и корупцијата и натаму проблем во македонските затвори, апелира Советот на Европа – Во казнено-поправните установи во Македонија се направени подобрувања во однос на хигиената и состојбата во ќелиите, но и натаму е непроменет третманот кон лицата лишени од слобода од страна на полицијата и присутна е корупцијата меѓу затворскиот персонал, се посочува во најновиот Извештај на Европскиот комитет за спречување на тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување при Советот на Европа. Условите, како што се наведува во извештајот, се влошуваат и поради широко распространетата корупција и фаворизирање на одредени затвореници од страна на персоналот со што се поткопува правилното функционирање на установата“, истакнуваат од Транспаренси Интернешнл.

Како што истакнуваат оттаму следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.

Меѓу другите „матни“ настани за минатиот месец од Транспаренси го издвојуваат случајот со истрагата за поткуп на Врховен судија и член на Советот на обвинители.

„Активен врховен судија е уапсен поради примање поткуп, а претрес е извршен и во канцеларијата на член на Советот на јавни обвинители поради поврзаност со истото дело. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, односно за делото примање награда за противзаконито влијание. Сомнежите се дека Иџет Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат како „Боро Марлборо“, велат од Транспаренси.

Како втор „најматен“ настан за мај е покрената иницијатива на ДКСК за утврдување одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

„Антикорупциската комисија информираше дека покренува иницијатива до сите надлежни институции за утврдување на одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик. Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива“, пишува во извештајот за мај.

Како трет „матен“ настан за мај е и обвинението на 12 лица, меѓу кои и актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски, поранешниот директор на АМС, Дарко Каевски и директорот на Македонски олимписки комитет, Дарко Димевски поради злоупотреба на спортскиот ваучер.

„Обвинителниот предлог е по иницијатива на Антикорупциската комисија која лани во февруари соопшти дека постојат сомневања дека директорот на Агенцијата за млади и спорт и членовите на Централната комисија за доделување на ваучерите во 2020, 2021 и 2022 година ја искористиле службената положба и спротивно на законите извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Случај „Спортски ваучери“ – Мојсоски, Каевски и Димевски ќе се јавуваат во суд, но ќе ги задржат пасошите – Делумни мерки на претпазливост добија актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски, како и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и уште 9 лица кои се обвинети за злоупотреби со доделувањето на спортските ваучери. Кривичниот суд им наложи на сите 12 обвинети еднаш неделно да се јавуваат кај определено службено лице во судот“.

Во делот на бистрите настани за мај е наведена кривична пријава против поранешен директор на ПИОМ кој го злоупотребил државниот буџет, поведената постапка за двајца полицајци кои барале мито и кривичната пријава за директорка на училиште во Делчево која без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING