Почетна Економија Конференција „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”

Конференција „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”

од nenad
1 минути читај за

Конференција на тема: „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт Скопје.

Најавено е учество на преставници на ССМ, Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ, Министерството за економија и труд, Министерството за јавна администрација, како и професори и експерти.

– На конференцијата ќе бидат разгледани актуелните состојби со социјалниот дијалог во државата, со цел да се утврдат идните чекори за неговото унапредување, како и за развој и потикнување на колективното договарање на сите нивоа, во насока на остварување, заштита и унапредување на работничките права,  најави ССМ.

лв/вг/фото: МИА архива    .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING