Почетна Убавина и здравје Кога го чуле нејзиниот глас, се шокирале! – Убавина и здравје

Кога го чуле нејзиниот глас, се шокирале! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Урнебесната приказна на овој маж кој ѝ заѕвонил на мајка му додека водел љубов со сопругата ја прокоментирале речиси 7.000 луѓе!

Млад брачен пар од Германија уживал во страсно водење љубов, не обрнувајќи внимание дека во близина се наоѓаат нивните мобилни телефони. Во целиот занес, мажот случајно ѝ заѕвонил на мајка му без да забележи! Сето ова до детали го опишал на социјалната мрежа „Редит“, истакнувајќи дека не му се случила понепријатна ситуација во животот.

„Уживав со сопругата, а потоа одеднаш го слушнав гласот на мајка ми! Не ни сфатив што се случува, бидејќи брзавме. Кога го слушнав нејзиното смеење, не ми се веруваше што сум направил. Со месеци потоа не можев да ја погледнам мајка ми в очи, која од тој момент постојано се шегува на моја сметка“, раскажал овој младич.

Од друга страна, нагласил и дека неговата сопруга му била лута.

„Беше шокирана, не знаеше што да каже. Веднаш ме нападна поради тоа што не сум внимавал. Долго одбегнуваше да се сретне со својата свекрва, бидејќи никако не можеше да се опушти и нормално да разговара со неа“, продолжил тој да објаснува.

Додал дека се надева дека семејните односи ќе им се средат што поскоро и дека овој немил настан набрзо ќе се заборави, доколку тоа е некако возможно.

Уште едно интересно искуство

Како што коментарите под оваа објава почнале да се нижат со брзина на светлината, уште еден маж го опишал моментот кога имал страстен љубовен однос со својата сопруга во соба со исклучени светла.

„Жена ми беше врз мене. Почувствував дека прстите на нозете ми се мокри и помислив дека тоа е таа иако никогаш ѝ немав спомнато некаков фетиш со стапала. Бев збунет, бидејќи не ми се допаѓаше тоа. Излезе дека кучето ми ги лижело стапалата“, напишал корисник  на „Редит“.

Потоа, корисниците на оваа социјална мрежа, каде што може да се прочитаат најразлични исповеди, почнале да се шегуваат на нивна сметка, па под објавата за миг се нанижале речиси седум илјади коментари!

Му соопштила на дечкото дека е бремена, а неговата реакција е урнебесна: Илјадници луѓе го гледале ова видео, морате и вие!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING