Почетна Економија Ковачевски: СДСМ имаше јасен план за ЕУ интеграција, ВМРО-ДПМНЕ нема

Ковачевски: СДСМ имаше јасен план за ЕУ интеграција, ВМРО-ДПМНЕ нема

од nenad
2 минути читај за

На Македонија и треба план за европската интеграција којшто треба да го презенира власта, бидејќи Албанија го продолжи својот пат, треба да кажат во какви води ние сега влегуваме.

Има понуда од СДСМ да разговараме во Собранието, согласно Уставот, законите и конечно Деловникот.

Треба власта да го презентира планот, рече пратеникот и поранешен премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата Дејли клик на ТВ 21.

-Имаше изјави од ВМРО-ДПМНЕ пред кампањата каде што велат дека Преспанскиот договор ќе се репреговара кога тие ќе бидат власт. Сега гледаме дека не се репреговара.

Па за преговарачка рамка велеа исто, и дека не е добра. Сега стана добра. Заклучоците сега ќе ги репреговарале. Кој е планот ние не знаеме бидејќи планот не е презентиран.

Ние сега ќе го почекаме тој план.

СДСМ имаше јасен план за европските интеграции, сега Албанија го продолжи патот во ЕУ и тие ќе ги отвораат поглавјата, а Македонија остана во друштво со Косово и БиХ.

Преговарачката рамка три дена се разговараше во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ не дискутираше туку свиреше на вувузели. Тоа сите сме сведоци, има снимки за тоа, вели Ковачевски.

Тој истакна дека не постои држава во Европа па и во светот која морала да донесе такви одлуки со кои што ќе ги оствари своите стратешки цели, како што мораше Македонија.

– Членството во НАТО се обезбеди со тешка одлука со потпишување договор со Грција, а во францускиот предлог стои влегување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, што е добро за Македонија, бидјеќи со тоа се побива тезата дека се работи за еден народ во две држави.

Безбедноста дојде со НАТО, економскиот просепритет доаѓа со членството во ЕУ, рече Ковачевски. са/Фото: СДСМ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING