Почетна Економија Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5  мај, Ден на македонскиот јазик.

 Како што соопшти СДСМ, во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

 -Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита, се наведува во честитката од Ковачевски.

 Македонскиот јазик, подвлекува претседателот на СДСМ, денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

 -Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината.

Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. вг/Фото: СДСМ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING