Почетна Македонија Ковачевски за 360: Ова не се избори за национализам туку за интеграција во ЕУ

Ковачевски за 360: Ова не се избори за национализам туку за интеграција во ЕУ

од nenad
2 минути читај за

Во интервјуто за емисијата „360 степени“ на МРТ, претседателот Ковачевски говореше за придобивките од правилните политики на СДСМ во изминатите седум години, со оглед на тоа дека Македонија играше 11 години на карта на внатрешни етнички тензии, на нарушени односи со соседите вклучително и ЕУ, и се докажа дека тоа не е начин на кој државата може да напредува во Евроатланските интеграции. Ковачевски посочи дека и тој самиот го чувствува понекогаш заморот кој владее кај граѓаните бидејќи предолго трае процесот, заради тоа што ниту една друга земја членка, кандидат земја членка и која станала земја членка на ЕУ немала толку услови.

„Земете ги сите мои интервјуа и нема да видите ниту една изјава кога и дали ќе се случат уставните измени. Сите мои изјави биле дека ова е обврска на сите политички партии, ова не е процес на еден човек на една политичка партија и на една Влада туку е општ политички и општествен процес во државата кој што треба да се донесе. Дека требаше да ги донесеме уште минатата година требаше затоа што ќе ве потсетам на една работа, јас во неколку прилики кажав дека не сакам да ја видам Македонија во друштво на држави кои ќе добијат кандидатски статус и ќе отпочнат преговори со ЕУ.” додаде Ковачевски.

Ковачевски остана на ставот дека не сме земја која има преговори со ЕУ, а која што би застанала заради неносење на одлуки внатре, заради блокадата што ја направи ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште една политичка партија во Собранието, заради неносење на амандманите во Уставот.

,,Ние сме сега во друштво на Украина која е во војна, која не контролира добар дел од својата територија, ние сме во друштво со Молдавија која не контролира 17 проценти од својата територија пошто е под Руска контрола и ние сме во друштво со Босна и Херцеговина која што нема еден претседател туку има колективно претседателство.” потенцираше Ковачевски и кажа дека не сака да ја види Македонија и граѓаните во такво друштво.

,,Заради ВМРО се најдовме токму во такво друштво. Сега граѓаните имаат избор дали сакаат политичка опција со која што ќе продолжиме кон полноправно членство во ЕУ до 2030та година или ќе изберат политичка опција која што има дава некаква алтернатива со план кој што е тотално маглив, дека ќе оделе во Бугарија ќе го репреговарале договорот, па ќе репреговарале преговарачка рамка за што сите од ЕУ кажаа дека не може да се репреговара.” ја претстави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, лажната слика за тоа како би требало да изгледаат европските интеграции, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на МРТ1.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING