Принцезата од Велс Кејт Мидлтон гледаше претстава на англискиот национален балет во театарот Садлерс Велс во Лондон.
Честитки и благодарност до Англискиот национален балет и Садлерс Велс театарот за прекрасната, моќна, трогателна и инспиративна изведба на Жизел. Креативноста во своите најдобри моменти, напиша Кејт Мидлтон на X заедно со фотографијата од балетскиот ансамбл.
Congratulations and thank you to @ENBallet and @Sadlers_Wells for the wonderfully powerful, moving and inspiring performance of Akram Khan’s Giselle. Creativity at its best! C pic.twitter.com/YbnMd7j9Pi
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) September 26, 2024
Нејзиното присуство во театарот е нејзиното прво јавно излегување откако на 9 септември во видеопорака објави дека завршила со процесот на хемотерапија. Ова е многу охрабрувачки знак дека принцезата продолжува по патот кон целосно закрепнување.
Фото: Х