Почетна Македонија Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче

Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче

од nenad
2 минути читај за




Велешанецот Боре Видевски го сменил првичниот исказ што го дал пред Обвинителството, па сега негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, пренесува Телма.Тој првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.

   

-Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење, изјавил Манев.Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.

Врховен суд ја одби жалбата со што Видевски останува во притвор.
Првосомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција и е во притвор. И тој додека го носеа во Кривичен суд рече дека не е виновен и дека за тоа има докази. Палевски лани избега во Турција и полицијата го уапси во градот Баликесир.За грозоморните убиства се очекува да биде поднесено обвинение.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING