Почетна Свет Канонизација на Преп. Стефанида Битолска и Скадарска

Канонизација на Преп. Стефанида Битолска и Скадарска

од nenad
7 минути читај за

Во текот на Светата Литургија, која на 30 јуни 2024 година ја служеа Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан во Соборниот храм „Свети Димитриј“ во Битола, беше извршен свечениот чин на канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолска и Скадарска.

На Литургијата сослужуваа високопреосвештените и преосвештените архијереи: Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар, Михаловско-кошички Георгиј (од Црквата на Чешка и Словачка), Зворничко-тузлански Фотиј, Крушевско-демирхисарски Јован, Црногорско-приморски Јоаникиј, Рашко-призренски Теодосиј, Европски Пимен, Тетовско-гостиварски Јосиф, Кумановско-осоговски Григориј, Делјадровско-илинденски Јоаким, Делчевско-каменички Марко, поранешниот Кумановско-осоговски Јосиф, Јегарскиот и избраниот Британско-ирски Нектариј, Хераклејски Климент, Хвостански Алексеј, Новобрдски Иларион, Топлички Петар, Дремвитски Давид, Стобиски Јаков и Велички Никола. Исто така, сослужуваа свештенослужители од Бугарската православна црква, Полската православна црква и од Црквата на Чешка и Словачка. Во текот на Литургијата, Српскиот Патријарх Порфириј повеќе возгласи ги изговори на македонски јазик.

На крајот од торжественото богослужение Патријархот Порфириј, меѓу другото, истакна: „Обраќајќи се меѓусебно со јазикот на телото во светлината и радоста на Педесетница, ние сигурно – бидејќи сме едно Тело и една Крв,  Тело Христово,  Негова Црква – се разбираме едни со други на јазикот на верата и на јазикот на љубовта, токму како што трите илјади луѓе собрани во Ерусалим, кои дојдоа од сите страни и не го знаеја еврејскиот јазик, го разбираа апостолот Петар, кој им се обраќаше на еврејски јазик како да им зборува на ним разбирлив јазик. Тоа беше затоа што имаа вера во живиот Бог,  имаа љубов кон Бога,  трагаа по вистината, полнотата, совршенството и светоста. А, тогаш Светиот Дух зборуваше преку апостолот Петар и сите меѓусебно се разбираа. Така и ние, браќа и сестри, зборувајќи на истиот јазик, јазикот на Светиот Дух, зборувајќи на јазикот на Православието, зборувајќи на јазикот на Црквата, зборувајќи на јазикот на љубовта, не само што се разбираме, туку и навистина сме едно, бидејќи се причестуваме со истото Тело Христово и со истата Негова Крв.“

Снимката од Светата Литургија можете да ја погледнете на Јутјуб каналот на ТВ Храм – тука.

Во текот на Светата Литургија беше извршен свечениот чин на канонизација на Светата преподобно-маченичка Стефанида Битолска и Скадарска. Нејзиното кратко житие може да го прочитате тука.

 


Post Views:
67

Извор : vesnik-ilinden.com

Канонизација на Преп. Стефанида Битолска и Скадарска

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING