Почетна Економија Кампања на Мрежа Стела за економско омоќување и финансиска самостојност на жените

Кампања на Мрежа Стела за економско омоќување и финансиска самостојност на жените

од nenad
2 минути читај за

Во насока на остварување на мисијата за застапување на жените и девојките и поддршка на нивниот потенцијал, во што припаѓа и економското омоќување ифинансиската сигурност, Мрежа Стела започна со проектот „Застапување за економскоомоќување на жените: Еднаков пристап до можностите за финансискоосамостојување“.

Како што се наведува во соопштението од организацијата, во македонското општество има висока стапка на невработеност, голема економска неактивност, а жените особено имаат многу мало учество на пазарот на труд.

Индустриите во коишто доминираат жените се најчесто со ниски плати и не соодветствуваат на високото образование и вештините што жените ги стекнуваат.

Причините за оваа ситуација се во сооднос со нестабилните економски и општествени услови во земјата, неусогласеноста со достапните и потребните профили на пазарот на трудот и постоечките традиционални норми.

Според податоците на Државниот завод за статистика, само 42,8% од жените во земјата бараат вработување и 37,9% се вработени, иако значителен број на жени имаат универзитетско образование.

Невработеноста особено е раширена меѓу младите жени во руралните делови на земјата.

мЦелта на проектот на Мрежа Стела е да се направат долгорочни стратегии за подобрување на состојбата на жените и девојките при вработување и олеснување на предизвиците со кои се соочуваат на работните места, како и претставување на еднакви можности и насоки за искористување на постоечките политики и подобрување на сегашните.

Во рамки на проектот подготвуваме и документ за политки „Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во Северна Македонија: Достапни можности, мерки, предизвици ипрепораки“ што ќе се користи за застапување пред институциите со цел подобрување намапираните достапни можности и предизвици со кои се соочуваат жените во процесот нафинансиско осамостојување.

Во рамки на кампањата на социјалните медиуми #ОслободенаИНезависна, ја подинувамесвеста за тоа колку е важно за економијата, за образованието и за развојот на општестватадоколку се фокусираме на зајакнување на жените и обезбедиме можности за сите жени дабидат независни и еднакво вклучени на пазарот на трудот.

Истовремено ја потенцирамеинклузијата и индивидуалниот пристап кон приказните на секоја жена, важноста нарепрезентацијата и создавање на заедници каде секој може да напредува.

Поддржувајќи се една со друга и залагајќи се за еднакви можности, градат солидарнизаедници кои ја слават различноста и негуваат култура на взаемна поддршка и почит.

Зажените од различни раси, етникуми, возрасти, заедници, способности, социјални позадинии идентитети – економската независност е храбра изјава за самоопределување.

Кампањата и активностите во рамки на проектот може да се следат на социјалнитемедиуми Инстаграм и Фејсбук како и на веб страницата https://stella. mk/.

Проектот е поддржан од шведската Фондација Kvinna till Kvinna, имплементиран одНационалната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.  Дизајнот на илустрации е на Теано Кардула. ев/ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING