Почетна Убавина и здравје Како реагирате во близина на саканото лице според вашиот хороскопски знак?

Како реагирате во близина на саканото лице според вашиот хороскопски знак?

од nenad
2 минути читај за

Вашето однесување е делумно однапред одредено од вашиот хороскопски знак. Сега навистина имате одговор за „чудно“ однесување пред типот кој ви се допаѓа. Делумно, вашето однесување е однапред одредено со хороскопскиот знак.
Секое лице поинаку реагира на првиот состанок, порака од симпатија, одбивање…Токму поради хороскопскиот знак. Сега можете подобро да ги запознаете своите но и реакциите на своите другарки…

Овен
Ти си личност која нема проблеми со самодовербата, но понекогаш не знаеш кога е доста. Ти си од оние кои бессрамно ќе флертуваат со секое момче во собата кое ти се допаѓа, а тоа може да има и свои предности. Но следен пат подобро насочи се кон едно момче и насочи ја целата таа енергија кон него. Ќе успееш.

Бик
Ти веруваш дека патот за да го освоиш момчето е преку неговиот стомак и не се откажуваш од таа замисла. Како предлог за состаноци секогаш бираш ресторани, пица барови и се обидуваш да дознаеш што е можно повеќе за неговиот вкус. Помниш дури и кој пијалок го бира со одреден вид на храна. Кога ќе почнеш со некоја идеја тешко се откажуваш, па се надеваме дека твоето момче е вистински гурман.

Близнаци
Близнаците се двоен воздушен знак и често се чувствуваат како две личности. Во присуство на симпатијата се правиш незаинтересирано и најверојатно флертуваш со целосно наважна личност, се со цел да придобиеш поголемо внимание кај избраникот. Момчето ќе мора навистина многу да се потруди околу тебе за да му ги признаеш своите чувства.

Рак
За ракот целосно да се отвори потребно е многу време и да чувствува голема сигурност од страна на саканата личност. Ти си срамежлива личност која на забавата седи сама, пишува дневник или песна на саканата личност. Некогаш е во ред да го направиш првиот чекор. Треба да го знаеш тоа.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING