Парфемите прават многу повеќе отколку само да нè направат да мирисаме убаво. Тие го засилуваат нашето присуство, создавајќи аура која е и примамлива и загадочна. Парфемите ни го подигаат духот и ни ја зголемуваат самодовербата, делувајќи како личен талисман кој го подобрува нашето расположение и слика за себе. Тоа е извор на удобност, допир на елеганција и тивка, но моќна форма на самоизразување.
Дали некогаш сте се нашле во ситуација некој мирис да ви разбуди конкретен спомен, чувство или емоција? Без разлика дали се работи за мирис на колачиња што ве потсетува на дома или на кокос кој ве асоцира на некој летен одмор, сетилото за мирис има моќ да буди силни сеќавања и емоции.
За да ја разбереме фацинантната врска помеѓу мирисот и емоциите, третата панел-дискусија на годинешната ПРОФЕМИНА со наслов „Мирисот како портал за емоции и спомени“ се занимаваше токму со ова прашање.
Парфемите ни го подигаат духот и ни ја зголемуваат самодовербата, делувајќи како личен талисман кој го подобрува нашето расположение и слика за себе. Тоа е извор на удобност, допир на елеганција и тивка, но моќна форма на самоизразување“ со овие зророви модераторката Елена Најдоска ја отвори оваа панел дискусија.
Како функционира сетилото за мирис и дали е во директна врска со емоциите?
Секако дека сетилото за мирис е едно од највжните, уникатно затоа што кога вдишуваме одреден мирис самите молекули на мирисот стигнуваат до мозокот. Во зависност како го чувствуваме мирисот, пријатен или не, така се будат и емоциите на среќа и радост, но и на страв и лутина. Емоциите и мирисите се нераскинлив дел“, објаснува М-р Жана Базби, психолог, тренер за ментален и емоционален развој, која живее и работи во Англија
Како мирисите влијаат врз меморијата и носталгијата…?
Не секогаш мирисите ги доживуваме на свесно туку на инстинктивно ниво. Често знаеме и да не ги опишеме мирисите, бидејќи постои голема палета на мириси, но на потсвесно ниво знаат да не потсетат на некои настани од минатото. Во зависност каков е мирисот такви чувства и се будат. Еден ист мирис различно влијае кај секој од нас. Мирисите имаат моќ да не потсетуваат на конкретни настани, места и луѓе.
Дали мирисите навистина можат да го подобрат нашето расположение?
Секако дека мирисите го подобруваат расположението, но може и да не направат тажни. Кога ќе помирисаме некој мирис ни буди различни чувства, бидејќи самите мириси влијаат на допаминот и окситоцинот. Окситоцинот го нарекуваме и љубовен хормон кој најчесто се ослободува кога сме во прегратка на некој што го сакаме, односно тогаш се активираат тие одредени невротрансмитери.
Дали постои објаснување зошто некои мириси ми се допаѓаат мене, а истите можеби му се одбивни на некого друг?
Не сите исто реагираме и тоа е апсолутно точно. Тоа зависи од повеќе фактори. Сите во носот имаме околу 400 различни рецептори кои различно реагираат на секој мирис. Генетиката е таа која ги кодира, па од тоа зависи како секоја индивидуа реагира на некои мириси. Но доста значајна улога играат и културолошките навики и погледи. Еве на пример ќе го посочам лукот. Кај некои култури се нарекува смрдлива роза и затоа таму целосно е одбивен за разлика од други. Исто така и самата навика има влијание, односно дали сме навикнати на него или не.
По што Вие се водите при избор на парфем? Дали менувате или сте верни на само еден парфем кој е ваш потпис?
Лично јас сакам да почувствувам различни парфеми, бидејќи по природа сум човек кој сака да истражува. Во минатото сакав да имам повеќе парфеми во исто време, а сега преферирам повеќе цитрусни ноти. Сакам да го износам и почувствувам секој еден парфем.
Како е создадена индустријата за парфеми и кои се клучните моменти во нејзината историја?
Парфемската индустрија пишува своја приказна уште од древни времиња. Сепак вистинскиот процут се случува во 19 век со технолошката револуција и откривањето синтетички состојки кои може да се употребат. Првиот официјален парфем е создаден во 1889 година“, вели Софија Јакимовска, бренд-менаџерка „Мартимекс“
Колку социјалните мрежи и трендовите играат важна улога во изборот на парфем?
Поврзани објави
Инфлуенсерите, јутјуберите, но и општо онлаин заедницата игра голема улога во ширењето и продажбата на парфеми. Тие се оние кои креираат дали еден парфем е ин или не“ вели Софија Јакимовска, бренд-менаџерка „Мартимекс“
Што го прави Аткинсонс посебен во споредба со другите парфеми на парфемската сцена?
Аткинсон се доста стар англиски бренд кој води потекло од 1799 година од страна на James Atkinson. Откако бил прогласен за официјален парфимер на Кралскиот двор на Англија во 1826 година од Кралот George IV, богатата историја на парфемската куќа ја дочекувала најаристократската и најексклузивната клиентела ширум светот“, вели Софија Јакимовска, бренд-менаџерка „Мартимекс“
Што точно значи „ниш парфем“ и како се разликува од комерцијалните парфеми?
Ниш бренд на парфеми се мали парфемски куќи кои што своите креации ги прават многу строго, со доста скапи состојки. Иако се достапни за сите, сепак цената си го прави своето, односно да бидат одбрани од мал круг на луѓе
Дали луксузните парфеми користат ретки или природни состојки кои ја објаснуваат повисоката цена?
На глобално ниво, годишно се собира Комитетот на парфимери и ги оценуваат состојките исто како во винската индустрија. Состојките се строго контролирани, ретки, а со тоа и цената расте. Секоја жена треба да знае да си одбере парфем кој ќе и стои, без разлика колку е скап или не. Мојот став сите овие години не се промени, парфемот е составен дел од животот. Затоа секоја жена како што става кармин така мора да има и соодветен парфем.
Ти си долги години во оваа индустрија. Каков ти е впечатокот, дали купувачите се веќе едуцирани за парфемската индустрија, нотите, категориите парфеми или сепак главно се водат по реклами или личен впечаток за некој мирис?
Многу е важен начинот и пристапот на кој ќе го презентирате еден парфем. Важно е да им објасните какви ноти има и што го карактеризира. Исто така важен е моментот на кој и како ќе одлучите да презентирате нешто. Затоа ќе речам дека воопшто не е лесно и едноставно да се долови квалитетот на добар парфем, тоа го можат само искусни инфлуенсери.
Мит или вистина: парфемите не мирисаат исто на сечија кожа?
Дефинитивно тоа е вистина. Секој љубител на парфеми треба да знае дали е за него или не. Луѓето треба да знаат дека влијае дали некој користи лекови или антибиотици, каква храна јаде, дали е пушач или не.
На кои делови од телото е најдобро се тестира и нанесува парфем?
Најдобро е парфемите да се нанесуваат на пулсирачките точки, во спротивно брзо ќе ни изветрее. Исто така важно е да се нанесе неутрално млеко за тело па потоа парфем, на тој начин истиот ќе трае подолго.
Дали парфемите имаат рок на траење?
Важно е да се види датумот на производство, односно да се користат 6 до 18 месеци од производство. Многу зависи и од начинот на чување. Јас ги чувам во фрижидер, на темно и ладно. Најдобро е парфемот да се потроши во рок од шест месеци, бидејќи после тоа се губи ефектот. Важно е со парфемот да бидете забележани, а не тој да биде само траен“, вели Ване Марковски, ТВ водител и пиар на парфимерии „Шатци“
Која е главната разлика помеѓу оригиналните парфеми и нивните копии?
Копиите имаат некој метален вкус колку тоа и да звучи чудно. Ќе дадам пример, замислете како едно дело на Бетовен ќе звучи изведено од професионалци на филхармонија и како ќе звучи изведено од приучени луѓе кои свират на евтини инструменти. Тоа значи разликата е и во состојките, но и во технологијата. Само оригиналот е оригинал“, вели Ване Марковски, ТВ водител и пиар на парфимерии „Шатци“
Откако учесниците во третата панел-дискусија се согласија дека врската меѓу мирисот и емоциите е нераскинлива, како и дека изборот на вистинскиот парфем многу влијае врз впечатокот што го оставаме, следуваше извлекување на двајца среќни добитници кои добија по еден парфем Atkinsons.