Почетна Убавина и здравје Како живее жената со уништено лице денес? – Убавина и здравје

Како живее жената со уништено лице денес? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

На луѓето не им се верува како изгледала жената-мачка порано!

„Жената мачка“ Џослин Вилденштајн во саботата споделила импресивна фотографија, нудејќи редок увид во нејзината природна убавина пред сите драматични естетски трансформации.

По повод роденденот на нејзината ќерка, Џослин споделила нивна заедничка фотографија на Инстаграм, на која изгледа многу елегантно и гламурозно додека го држи своето дете во прегратка.

Нејзиното лице е природно, затегнато и блескаво. Далеку од тоа на коешто личи денес по безбројните операции што ѝ го дадоа прекарот „жена мачка“.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Џослин моментално тврди дека банкротирала откако ѝ била одбиена спогодбата за развод од 100 милиони долари.

Вилденштајн, која живее во Њујорк, препознатлива е по својот познат изглед на сфинга и бујната руса коса.

Вилденштајн минатото лето дала ретко интервју во кое открила дека комплетно останала без пари и дека немала никакви примања осум години откако семејството на нејзиниот поранешен сопруг ѝ ја одзела деветцифрената годишна исплата што си ја обезбедила по нејзиниот развод во 1999 година.


Поврзани објави

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Оваа повлечена старлета добила 2,5 милијарди долари во спогодбата, со 100 милиони долари за секоја наредна година по поделбата, откако тврдела дека сопругот милијардер Алек Н. Вилденштајн ѝ бил неверен.

За време на бракоразводната постапка, Алек почнал да подметнува приказни за нејзините пластични операции за да „го добие“ разводот, дури и најмил публицист и платил пластичен хирург за да потврди дека Џослин комплетно го променила лицето, барем според тврдењата на Џослин.

„Не можеше да каже дека сум го изневерила. Никогаш не сум го изневерила“, рекла Џослин, тврдејќи дека нејзиниот поранешен сопруг еднаш ѝ кажал дека станала чудовиште кое не го препознавал.

„Целата вина ја префрли на моето лице“, додала Џослин.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Меѓутоа, кружеле шпекулации дека Алек, познат љубител на мачки, ја охрабрил својата сопруга да се оперира за да изгледа поженствено.

Подоцна Џослин го победила Алек на суд, но години подоцна, сепак, останала без пари.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING