Почетна Убавина и здравје „Како е возможно тоа што сега изгледа 20 години помладо?!“ – Убавина и здравје

„Како е возможно тоа што сега изгледа 20 години помладо?!“ – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Оваа трансформација на бездомничка шокирала многумина, а таа сега изгледа 20 години помладо

Случајната средба на две жени брзо станала моќна лекција за човечност. Оваа интересна приказна се случила кога професионална стилистка одлучила да ѝ овозможи комплетно бесплатна трансформација на една бездомничка. Нејзината трансформација предизвикала лавина коментари на социјалните мрежи, па многумина се согласиле дека моќта на шминката и добрата облека е огромна.

Шафаг Новруз е млада професионална стилистка со експертиза за шминкање, стилизирање и правење свадбени фризури. Наишла на Рита, бездомничка која живеела на улица. Затечена од занемарениот изглед на Рита, Шафаг се чувствувала принудено да ги искористи своите таленти и ресурси не само да ѝ ја врати надворешната убавина на Рита, туку и нејзиното достоинство. Рита немала поим дека нивната средба ќе доведе до исклучителна трансформација што засекогаш ќе ѝ го смени животот.

Рита со години се борела со суровата реалност на бездомништвото, а друштво ѝ правел само споменот на нејзиниот покоен син. На улица преживувала така што собирала шишиња и кеси. И покрај сонот да најде работа, Рита ја почувствувала тежината на општествениот срам поради својот изглед. Трогната од приказната на Рита, Шафаг одлучила да го прифати предизвикот и да го трансформира нејзиниот изглед за да ѝ помогне повторно да се интегрира во општеството.

Нејзината посветеност на трансформацијата на Рита ги надминала сечии очекувања. Преобразбата започнала со посета на заболекар, каде што Шафаг лично ги покрила трошоците за операција на забите, за да ѝ ја подари на Рита насмевката што ја заслужува. Понатаму, ѝ овозможила и маникир и педикир.

Потоа, следела негата на косата. Кратката и оштетена коса на Рита била исправена, бојосана русо и продолжена со надградба за коса, што ѝ дало поразигран и женствен изглед. Употребата на козметички производи, третманите за убавина, депилацијата со восок, вештачките трепки и професионалната шминка направиле чуда.


Поврзани објави

Фотографиите пред и потоа прикажуваат практично непрепознатлива жена која зрачи со самодоверба и убавина. Некои дури и напишале дека Рита изгледала 20 години помладо.

Облечена во раскошен црн фустан, Рита изгледала како ѕвезда, криејќи го фактот дека некогаш била бездомничка која се борела да преживее на улица.

Извонредната трансформација не само што ги воодушевила интернет-корисниците, туку имала и длабоко влијание врз самодовербата на Рита. Исполнета со благодарност и со обновена самодоверба, Рита сега има волја да се бори со светот. Таа се надева дека нејзиниот трансформиран изглед ќе ѝ отвори можности за вработување, благодарение на неверојатната великодушност на нејзината спасителка, Шафаг Новруз.

Патувањето на Рита од бездомништво до ново пронајдена самодоверба е доказ за позитивното влијание што луѓето можат да го имаат едни врз други.

Оваа неверојатна трансформација на баба во 8. деценија ќе ве остави без здив: Изгледа 20 години помладо!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING