Почетна Убавина и здравје Како да оддржувате баланс меѓу љубовната врска и пријателството? – Убавина и здравје

Како да оддржувате баланс меѓу љубовната врска и пријателството? – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Велат дека добрите пријатели се како лубеници – за да пронајдете една добра, морате да пробате стотина. Па, вреди ли да изгубите некој што заслужува да биде наречен ваш пријател, само затоа што сте го промениле статусот од „сингл“ во „во врска“?

Пријателството е едно од најстабилните и најважни нешта кои ги градиме во животот, а балансирањето меѓу него и љубениот е еден од најголемите предизвици. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги задржите блиску до себе и партнерот и пријателите:

Редовен контакт

Не дозволувајте комуникацијата со пријателите да се сведе на „лајк“ или коментар на Facebook. Ако сте презафатени и не можете да организирате средба, јавете им се на телефон. Прашањата „Како си?“ и „Што има ново?“не само што ќе ве држат во тек со нивниот живот, туку и ќе им покажат дека се грижите за нив, дури и ако најголем дел од времето го поминувате со партнерот. Истото направете го и со саканиот во деновите кога немате многу време за него.

Не ги откажувајте плановите

Откажувањето на плановите во пет до дванаесет може да нанесе непоправлива штета во односите и со партнерот и пријателите. За нив тоа може да биде знак дека не се приоритет во вашиот живот. Никогаш не им откажувајте на пријателките затоа што партнерот доцна се сетил дека сака да помине повеќе време со вас, но исто така не му откажувајте на партнерот ако пријателките одненадеж решат дека сакаат кафе-муабет.

Создајте си ритуал

Независно дали тоа е трчање или прошетка во паркот по завршувањето на работното време, излегување на кафе во сабота наутро или неделна попладневна собиранка во нечиј дом, создајте си ваш ритуал и почитувајте го.


Поврзани објави

Негувајте ја „традицијата“

Ако секогаш сте ги славеле родендените со пријателите, не смеете да ја погазите таа традиција откако ќе стапите во врска. Некои моменти се специјални и свети, па ако ги жртвувате, ги ставате на конец и пријателските односи.

Женска вечер

Сите знаеме колку се забавни големите женски собири – евоцирање спомени, широки насмевки, по некое празно шише вино и се разбира, по некој сочен трач. Зошто вие да не бидете организаторката на тие луди непреспани ноќи?

Научете да велите „не“

Ако ја прифаќате секоја покана на пријателите, дури и во моментите кога вашиот партнер очекува да сте покрај него, или пак, доколку трчате кон саканиот секогаш кога ќе ви се јави, без да мислите дека зад себе сте ги оставиле пријателите, тогаш воспоставувањето на баланс е невозможна мисија. Научете се понекогаш да ги одбивате луѓето, колку и да ви се блиски тие.

Надоместувајте им за изгубеното време

Ако имате неодложна работа и им ја откажете средбата, надоместете им следниот ден. Никој не сака да се чувствува изоставен.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING