Повиците биле нарачани од политичкиот консултант Стивен Крејмер. Откако беа откриени лажните повици, Крејмер за медиумите соопшти дека тој ја платил фирмата петстотини долари за да ги направи повиците. Тој работел со Дин Филипс, кој беше еден од противкандидатите на Бајден за демократската номинација за претседателски кандидат. Филипс се огради од повиците и ги осуди. Крејмер тврди дека целта на повиците му било да привлече внимание кон проблемот на користење на ВИ за политички цели и да поттикне да се донесат регулации во врска со истиот.
Затоа и наводно се јавил на „само“ 5.000 луѓе, што тој смета дека е мал број на гласачи, чиј став немало сериозно да влијае на изборите. Тој доби 26 обвиненија како последица на лажните повици и ФЦЦ препорача да биде казнет со 6 милиони долари. ФЦЦ неодамна предложи закон со кој телевизиските станици и радиостаниците би биле обврзани јасно да огласат ако ВИ било искористено во изработката на политичките реклами кои тие ги емитуваат. Сепак, ФЦЦ нема надлежност врз интернет содржини, вклучувајќи онлајн реклами и стриминг платформи.