Почетна Технологија И Управен суд пресуди дека Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ристоска

И Управен суд пресуди дека Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ристоска

од nenad
3 минути читај за

Денеска Судот ја одби неговата тужба како неоснована и го прифати мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па сега Јолевски ќе може да се жали пред Вишиот управен суд.

   

Паралелно со оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во Кривичниот суд за да плати глоба затоа што не се извини иако Комисијата утврди дека ја дискриминал Ристоска затоа што била на породилно отсуство при изборот на обвинители во Вишото јавно обвинителство, кога таа по втор пат не беше унапредена.

Минатиот месец Јолевски и Ристоска се соочија пред Управниот суд откако тој не ја прифати одлуката на Комисијата и поднесе тужба до Управниот суд. Не сакаше јавно да се извини и тврдеше дека не ја дискриминирал обвинителката.Неговата теза е дека Ристоска не била унапредна затоа што тогашниот републички Јавен обвинител не доставил извештај за нејзината работа иако членовите на Советот на јавни обвинители побарале ваков извештај за да извршат оценување.

–Пресудни беа извештајите за работа. Породилното отсуство беше споменато во контекст на немањето на извештаји. Изјавата беше извадена од контекст и погрешно сфатена. Ми е жал што немаше извештаји за работа за да одат во прилог на унапредувањето. Изнесував факти што постојат. Таман работа да е проблем породилното отсуство. Да има деца во оваа држава оти наталитетот ни е во опаѓање. Јас за неа гласав во 2021, рече Јолевски на рочиштето.

Ристоска не се откажа за да докаже дека била дискриминирана само затоа што е на породилно отсуство. Побара одговорност за дискирминацијата и смета дека Јолевски сака да избегне одговорност.

–Според мене важно е да постои одговорност за случаи на дискриминација на жени на работно место бидејќи жените не мора да ги загушуваат амбициите заради возраста, ниту пак да бираат дали ќе бидат мајки или ќе имаат успешна кариера. Сметам дека ваквите мислења на Комисијата и одговорот на правосудниот систем се најефикасната алатка за борба на општеството против антидискриминаторските политики, порача таа.

Спорната изјава беше пренесувана од многу медиуми и гласеше: –Кај Ленче имаме недостаток на работа по различни предмети во овој период. Зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала во Вишото јавно обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четири години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови предмети, не само на одредена категорија во одредена област, сепак, СЈО не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога еден куп предмети кои ги работат во основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. не ја елиминиравме…таа во моментов е и на породилно и да изберевме, пак ке биде на породилно, изјавил Јолевски.

Советот на јавни обвинители минатата година по втор пат не ја избра обвинителката Ристоска за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје и обвинителот, Љубомир Лапе кој последно го отвори случајот „Феникс“ за спорниот проект „Скопје 2014“. Во 2021 година не беше избрана со образложение дека била младаОвие одлуки на Советот беа донесени по критиките на Ристоска кон Советот, по што беше воведен Етички кодекс за обвинителите, со којшто беа замолчени, а вториот неизбор следеше откако даде изјава дека членовите на Советот тргуваат со влијание.Ристоска сега е обвител за врски за „Европравда“ и пред неколку месеци кончено доби канцеларија во Обвинителството.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING