Почетна Убавина и здравје И жената има пенис… само што големината не ѝ е важна како што му е важна на мажот

И жената има пенис… само што големината не ѝ е важна како што му е важна на мажот

од nenad
6 минути читај за

Кога ќе наидете на текст во кој пишува дека едно истражување спроведено во Британија покажало дека двојките од година во година имаат сè помалку сексуални односи и дека просекот во 2011 година бил помеѓу 65 и 75 пати годишно, а единаесет години подоцна изнесува 57 пати, со тенденција на дополнително опаѓање, сигурно ќе се запрашате каква е ситуацијата кај нас.

А ако сте дел од уредничкиот тим на „Убавина и здравје“, веднаш ќе помислите – имаме одлична тема за пишување и веднаш ќе се впуштите во истражување…

Младост

Осиромашување на сите форми на комуникација: Денес, младите се многу поразлични од своите родители отколку ние од нашите, кога станува збор за сексуалната комуникација. Се сменија фантазиите, желбите и еротиката. Еротскиот магазин „Плејбој“ веќе не постои, но затоа има многу порнографски сајтови, каде што органите и односите се прикажани експлицитно, дури и лажно, што е многу опасно за психата.

Најлошото е што им се достапни дури и на многу мали деца, бидејќи рано почнуваат да користат паметни телефони. Кај младите, комуникацијата, не само сексуална, туку и вербална, е многу осиромашена. Тие често не ја гледаат личноста со која комуницираат и сè се сведува на испраќање пораки, па дури и само на емотикони. Очите и говорот на телото, како облици на комуникација, се изгубија.

Сè е лесно преку телефон: Дојдовме до точката кога мажот полесно еротски се возбудува кога ќе види женско тело на екранот отколку во живо, бидејќи во тој случај не го оптоварува можноста да го слушне зборот „ не“ или „нема“.

Мастурбацијата стана правило на однесување. Во последните десет години, вообичаен модел на однесување е мажот, често со апчиња, да постигне ерекција, но не може да доживее кулминација без мастурбација. Односот завршува со порно-филм и со мастурбација. Од впуштањето во сексуалноста, за мажите женското тело не е еротски модел, туку филм.

Пред 30-40 години кај мажите проблем беше брзата ејакулација, која се случуваше поради преголемата возбуда, а денес одат на лекар бидејќи не можат да ја доживеат во присуство на партнерката.

Првиот чекор во третманот е забраната на порно-филмови и мастурбација, а таа шема не е лесно да се скрши. Се советуваат, доколку веќе не можат да се откажат од мастурбацијата, барем да го направат тоа во присуство на партнерката.

Вториот чекор е партнерите да мастурбираат еден пред друг, а потоа полека да влезат во однос со пенетрација.

Индустријата на секс-играчки и кукли се развива, а единствениот сексуален однос е со жива личност. Сè друго е лага и измама, што доведува до тоа Бил Гејтс да биде во право кога вели дека за педесет или осумдесет години сите деца ќе се раѓаат со вештачко оплодување. Тоа ќе биде целосно отуѓена генерација.

А што вели спермограмот: Непотребно е да се зборува за тоа колку е корисен компјутерот, но кај луѓето од ИТ-секторот и оние кои играат игри по цел ден, компјутерот доведе до намалување на бројот на сперматозоидите, како и на јајце-клетките. Порано минимумот на спермограмот беше дваесет милиони, а денес е спуштен на десет.

Визуелната стимулација, без физичка активација, го намалува лачењето на тестостерон кај мажите и на естроген кај жените. Долгото седење го уништува протокот на крв во малата карлица, каде што се наоѓаат простатата и тестисите кај мажите.

Сепак, не смее да се оди во друга крајност. Физичката активност е неопходна, но не и претерана, а да не зборуваме за стероидите. Се користат дози десетпати повисоки од она што би било прифатливо, а тоа доведува до намалување на тестисите. Нивната функција се намалува, бидејќи мозокот препознава дека на мажот не му е потребен тестостерон, кој го лачат тестисите.

Најдобрите години


Поврзани објави

Денес мажите во Македонија живеат во просек 73 години, а жените 76 години. Сексуалноста со одредени лекови, особено кај жените, може да трае до крајот на нивниот живот.

Жените имаат предности, бидејќи по педесеттата година кај нив тестостеронот почнува да игра поголема улога, па желбата за секс може да остане присутна.

Кај мажите ситуацијата е поинаква, затоа што е потребна ерекција, но ако не ја доживува сексуалноста само преку пенетрација, туку и преку галење, допирање, разговор, тогаш таа никогаш не се губи.

Теоретски, можно е сè: ако мажот нема тешка хипертензија или дијабетес, со помош на лекови може да има сексуални односи и во осумдесеттите. Ако не успее со лекови, се прават операции кои можат да го решат тоа, ако за мажот пенетрацијата е суштината на сексуалноста, а често и е. Мажот ја има оваа потреба, бидејќи сексот го доживува како доказ.

Сепак, има и постари мажи кои доживуваат оргазам без ерекција. Оргазмот во голема мера зависи од мозокот и секако од стимулот. Тоа е уште поизразено кај жените, поради магичниот орган – клиторис, кој расте во текот на животот. Најголемиот број жени доживуваат оргазам преку стимулација на клиторисот и стимулација на мозокот.

Теоретски, секој маж кој сака може да го реши проблемот со сексуалноста. А ако го изгубил либидото, има решение во форма на лекови. Ако има седумдесет години, сексолозите можат да го „вратат“ на шеесеттите.

Зрели стандарди: Мажот е најзрел помеѓу 40 и 55 години, ако е здрав. Пред четириесеттата, тој не ја разбира суштината. Кај незрели млади луѓе може да се случат пет ејакулации без оргазам, а кај зрелите три оргазми без ејакулација, но тоа треба да се научи. Ако младите си поставуваат стандарди гледајќи порно-филмови, тие се во голема невола.

Прво, аглите на снимање ги прават органите визуелно поголеми, сцените се повторуваат, се снима со повеќе камери, а и глумците се избираат според одредени критериуми.

Најголемата енигма се клиторисот и неговата важност за оргазмот. Ако мажот не го разбере ова, на жената ќе ѝ биде тешко да доживее оргазам. Тоа се поврзува со нервните завршетоци, од кои најмногу има во клиторисот. Клиторисот на жената расте во текот на нејзиниот живот. Како што количината се зголемува на тестостерон во однос на естрогенот, и тој станува поголем.

Сексуално неверство

Мажите и жените се физички повеќе слични отколку што мислат. Клиторисот и пенисот се развиваат ембриолошки од потполно ист материјал. И жената има пенис, само поголемиот дел е внатре, а помалиот надвор. Затоа големината не ѝ е важна како што му е на мажот, чиј орган се гледа однадвор, па постојано го мери.

Што и да кажат жените, вистината е дека нејзиниот орган е најчувствителен во првите три до четири сантиметри. Во тие три-четири сантиметри е и познатата Г-точка. Значи, секој пенис што е малку поголем од тоа може да доведе до задоволство.

ВКЛУЧИ–ИСКЛУЧИ: Бидејќи сме исти, но различни поради хормоните, тестостеронот доминира кај мажите, а естрогенот кај жените. Естрогенот води до помирна сексуална желба и поголема контрола, а тестостеронот до желба за докажување на сексуалната сила. Мажот реагира инстинктивно почесто од жената.

Еден професор ја прикажал жената како предзасилувач со сто потенциометри, а мажот како засилувач со ON-OFF. Кај жените врз сексуалната активност многу повеќе влијае мозокот, бидејќи не се толку инстинктивни како мажите.

Но проблемот настанува кога жената ќе се заљуби. На повеќето жени им е тешко да се впуштат во однос, но кога ќе го направат тоа, тој често е проследен со љубов.

Текст: Бранкица Трескавица

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING