Почетна Македонија И денеска пекол – температури до 40 степени

И денеска пекол – температури до 40 степени

од nenad
1 минути читај за




И денеска продолжуваат пеколните температури кои ќе достигнат и до 40 степени.
Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени. UV=9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Според УХМР, викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло.
Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING