13
Пукање се случило вечерва во скопската населба Чаир, објави ТВ21. Според информациите на телевизијата, еден човек е ранет и тој е пренесен во Градската болница за да му се укаже помош. ТВ Алсат, пак, објави дека пукањето се случило пред зградата на Општина Чаир пред 19 часот, и дека станува збор за тепачка, во која било употребено огнено и ладно оружје, како и дека се повредени повеќе учесници. Пред неколку дена се случи престрелка во Чаир во близина на маркетот „Веро“, во која беше ранет 19-годишен скопјанец.