Бананите и кафето „Гранд“ се најевтини во Црна Гора, сончогледовото масло „Дијамант“ е поевтино во хрватски „Конзум“ отколку во српските продавници на „Идеа“, „Макси“ и „Универекспорт“, а единственото нешто со што Србија може да парира во регионот е цената на шеќерот и јајцата. Ова е резултат на споредба на цените на осум специфични производи во шест онлајн продавници во регионот, објави Н1.
Минатата недела Комисијата за заштита на конкуренцијата покрена постапка против четири големи трговски синџири: „Делез“, „Универекспорт“, „Меркатор С“ и „ДИС“, поради сомнение за „местење“ цени. Договарањето на цените има најголемо влијание врз најранливата популација. Во објавениот заклучок, Комисијата наведува дека, во периодот од неколкумесечно следење на цените на 35 производи (од крајот на април до 19 септември 2024 година), „редовните цени на осум производи (млеко, јогурт, масло, брашно , шеќер, јајца, кафе и банани) кај сите набљудувани трговци биле исти или слични, со различни услови за набавка“. Комисијата ги спореди цените на следните производи, меѓу другото: јогурт Имлек Баланс+ 1кг, млеко Имлек 2,8 мм 1л, масло Дијамант 1л, брашно Сентела мазно Т-400 1кг, шеќер Суноко кристално бел 1 кг, јајца Л класа 10/1, кафе Гранд Голд 200 г и банани 1кг.