Уредничката на „Убавина и здравје“ и водителка Јована Стојменовиќ и нејзината соговорничка Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во групацијата „Орбико“, водеа инспиративен разговор во рамките на третата студија на случај „Историјата на брендот како метафора за верност и пријателство“ на годинешната реагионална конференција за жени ПРОФЕМИНА.
Моника, повеќе од 14 години си бренд менаџерка во голема групација, Орбико е една од најголемите европски дистрибутивни компании. Одговорна си за повеќе светски популарни брендови, меѓу кои и Фишерманс френд кој е наш партнер на конференцијата, со сето досегашно професионално и животно искуство – Што е за тебе лично поим за пријател во денешно динамично време и доба на социјални мрежи?
Кога зборуваме за пријател тоа е некој кој постојано мисли на тебе, односно имате заедничка почит и поддршка. И во денешно верме има искрени пријателства, тоа го зборувам од лично искуство“, вели Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во групацијата „Орбико“.
Ако заклучокот е дека пријателот треба да е секогаш тука за тебе, особено кога сме во проблем, тогаш воопшто не изненадува што пред безмалку 160 години кога е формулиран Fishermans Friend креаторот на формулата одлучил да го нарече пријател, пријателот на рибарите?
Поврзани објави
Приказна која потекнува многу одамна .Станува збор за бонбони кои многу одамна, во минатото, биле во течна форма. Биле направени со цел да им помогнат на рибарите кога биле во бури и имале болки во градите. Сепак со текот на времето, бидејќи течната форма била проблематична за транспорт тие стануваат бонбони и преминуваат во кондиторски производ. Ја имав можноста да ја посетам фабриката која се наоѓа во Манчестер. Навистина е инспиративно да ги запознаеш тие луѓе кои сега имаат и над 80 години“, раскажува Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во групацијата„Орбико“
Помогни ни да разбереме, на што се должи неверојатниот успех и долготрајноста на бренд кој потекнува од предминатиот век? Дали можеби дека е семеен бизнис од почетокот па се до петтата генерација, која го раководи денес?
Морам да напоменам дека ние сме една импресивна држава која има одлична продажба по глава на жител. Успехот се должи на тоа што брендот има постојан, континуиран квалитет. Fishermans Friend го има најсилниот вкус на светот, но по барање на потрошувачите се додаваат и ароми на малини и останато, со цел да се задоволи апетитот на сите. Затоа и во идина ќе се создаваат нови вкусови. Иако не е лек, туку кондитоски производ, некои наши фармацевтски истражувања покажаа дека луѓето ги земаат при силна настинка, бидејќи навистина помагаат. Квалитетот и уникатноста е тоа кое ги прави бренд со толкава долготрајност и успех“, вели Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во групацијата„Орбико“
Кога сме кај животните приказни, мотото на годинешната Профемина е Креаторка на животот, секоја од нас на свој начин е, но би требало да извлечеме заклучок, дали и во која количина можеме да бидеме креаторки на сопствениот живот?
Сметам дека создавањето на позитивни мисли може делумно да не направи креаторки на сопствениот живот. Важни се дисциплинските навики иако влијаат многу надворешни фактори. Моето мото е да се верува во себе, тоа е она што ќе не искачи на пиедесталот“, заклучува Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во групацијата„Орбико“.