Почетна Убавина и здравје Испијте го на празен стомак и гледајте како килограмите се топат – Убавина и здравје

Испијте го на празен стомак и гледајте како килограмите се топат – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Едноставен и природен начин најлесно да ги отстраните бактериите и токсините од вашиот организам

Прочистувањето на дебелото црево е добар начин да се регулира варењето и да се прочисти организмот од токсини.

А тоа најдобро можете да го направите со водата! Едноставно, треба да испиете шест до осум чаши млака вода во текот на денот. Експертите советуваат и консумација на свежо овошје и зеленчук со големо количество на вода.

Можете да го прочистите дебелото црево и со солена вода. Најдобро е да промешате две лажички морска сол со млака вода и да ја испиете оваа напивка на празен стомак. Водата и морската сол ќе ги стимулираат движењата на дебелото црево во рок од неколку минути.

Исто така, растителните влакна се моќно средство за добра дигестија. Тие се есенцијални нутриенти и ги има во големо количество во овошјето, зеленчукот, житарките од цело зрно, јаткастите плодови и семиња. Можат да регулираат констипација но и премногу активни црева.


Поврзани објави

Сепак, растворот што убедливо најдобро ги прочистува цревата е мешавината од свеж лимонов сок, едно лажиче мед и прстофат сол во топла вода, која треба да се пие наутро на празен стомак. Оваа напивка е добар начин да го разбудите организмот и да ја поттикнете работата на дебелото црево.

Се препорачуваат и сокови од овошје и зеленчук. Соковите од јаболка, лимон и алое вера се ефикасен начин на прочистување на дебелото црево. Покрај тоа, така ќе го обезбедите организмот и со сите хранливи материи и витамини што можат да го зајакнат имунолошкиот систем.

Освен тоа, и билните чаеви се традиционален лек за цревата. Лаксативните билки како алое вера и корен од бел слез се моќно средство против констипација.

ФОТО: Giorgio Trovato / Unsplash

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING