Почетна Убавина и здравје Интелектот на децата зависи од гените на мајката

Интелектот на децата зависи од гените на мајката

од nenad
2 минути читај за

Интелектот на децата зависи од гените на мајката

Објавено на 11/12/2024

Паметните луѓе треба да им благодарат на мајките за тоа што се интелигентни. Гените на мајката се одговорни за “пренесување на интелектот” од генерација на генерација. Ова се тврди во новата студија на експерти од Универзитетот во Минесота, објави “Psychology spot”.

Според нив новите податоци го демолираа митот дека жената е создадена само за да даде живот. Изгледа работите се многу неразбирливи за кревкиот човечки ум.

За науката одамна е познато дека интелектот е наследна компонента во генетиката. До пред неколку години сепак се сметаше дека менталниот капацитет на детето зависи како од мајката, така и од таткото – по малку такт и од двајцата. Но, со развојот на науката и спроведување на нови истражувања се утврдува нешто сосема друго. Многу поверојатно е децата да ги наследат менталните особини на своите мајки, бидејќи интелектот се пренесува преку X хромозомот, чии носители се претставниците на понежниот пол. А и откако дамите имаат два X хромозоми, веројатноста тие да го пренесат интелектот на детето станува двојно.

Страни: 1 2

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING